Смртни закани за Бора Чорба – морал да го откаже концертот во Нови Пазар


Oткако се крена жестока кампања против доаѓањето на Бора Ѓорѓевиќ, кој доби и закани со смрт концертот на Рибља Чорба во Нови Пазар кој требаше да се одржи на 28 ноември е откажан.

bora corbaВо негативните коментари на интернет форумите, Бора Чорба бил обвинуван дека војувал во Босна, ги навредувал муслиманите „ го кревал моралот на српските агресори“.

Му се заканувале со каменување. Имало и пораки дека нема да се врати жив ако стапне во Нови Пазар -пишува Телеграф.рс.

Се издвојуваат пораките со следната содржина:

– Ако сака да сочува жива глава подобро да не доаѓа.

– Што се однесува до Бошњаците подобро Бора да не се ни родел!

По овие пораки, менацерот го откажа концертот на Рибља Чорба во Нови Пазар, каде тие до сега никогаш не настапиле во нивната 35 годишна кариера.

Имавме проблеми уште на стартот, не можевме да најдеме луѓе кои би ги лепеле плакатите, ова е страшно што се случува во Србија, Бора не може да свири во местата каде има мнозинство бошњаци а и таму има свои фанови. Ги повикувам да дојдат на концертот во Стара Рашка кој ќе го реализираме наместо овој во Нови Пазар, изјавил менаџерот

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1