Видео: Снимени додека горат запалените автомобили во Битола


Два автомобили „ауди А4“ и „мерцедес“ биле запалени пред некој ден на булевар „1 мај“ во Битола, соопшти МВР.

mercedes123Мерцедесот и Ауди А 4, се сопственост на 32-годишниот С.Р. и на 45-годишниот В.Н., и двајцата од Битола. Двете возила се речиси целосно уништени, со што е предизвикана голема материјална штета.

Од битолската Противпожарна единица тогаш изјавија дека двете возила биле паркирани на растојание од четири метри. Мерцедесотт имал инсталиран гасен систем и бил запален доводот за гас, но интервенцијата на пожарникарите спречила експлозија.

Од СВР Битола велат дека истрагата трае и во овој момент не можат да зборуваат за мотивите за ваквото опожарување на Мерцедесот и Аудито А4, ниту пак има пријава против сторител или сторители.

Денешен

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1