Во акција на канадската полиција за спречување на детска порнографија, уапсени се 348 лица а спасени се 386 деца.
Според тамошните власти, станува збор за еден од најголемите удари кои ги здобила индустријата за детска порнографија.
Операцијата започнала со обвинение кон еден маж во Торонто, кој од 2005 година ширел снимки со детска порнографија, по прегледувањето на неговите компјутери и документи откриени и уапсени биле уште 108 лица во Канада, 76 во САД и останатите во Европа.
Во синџирот со порнографија има и учители, лекари како и актери.