На московскиот аеродром „Шереметјево“ било стрелано врз граѓанин од Киргистан кој пристигнал со летот од Бишкек.
Мажот бил ранет, а сторителите му ја зеле чантата во која се наоѓале 1,6 милион долари.
Според податоците од полицијата, четворица непознати лица од автомобил отвориле оган, го раниле граѓанинот на Киргистан, му ја зеле чантата и се скриле.
„Настраданиот е хоспитализиран. Установено е дека при поминувањето на царинската контрола, граѓанинот на Киргистан декларирал 1,6 милиони долари“, изјавил соговорник за агенцијата РИА Новости.