Нови 25 заразени од ХИВ/СИДА се откриени годинава во земјата, но мора да се бараат и скриени пациенти со оваа инфекција, кои ги има многу повеќе.
Kлучно е за овие лица да има постојана терапија со антиретровирусни лекови, која в година ќе се финансира и од акцизата од продажбата на алкохолни пијалаци, беше речено на јавната расправа „Kако до подобра грижа и третман за лицата што живеат со ХИВ во Македонија“, што се одржа вчера на Kомисијата за здравство, пренесува Дневник.
Превентивната програма за заштита од ХИВ/СИДА ќе се зголеми од 5 на 22 милиони денари, најавија од Министерството за здравство, а опозициски пратеници предложија амандман таа да тежи уште 20 милиони денари – и за остварување превентивни активности и за терапија. Во земјата живеат 95 инфицирани и болни од ХИВ/СИДА, а во овие две години кај нас е за 40 отсто зголемен бројот на пациенти – лани имало 24, а досега 25 новодијагностицирани. А претходно само по 8-9 случаи годишно.