Мали девојчиња се продаваат на камионџии за само 10 евра (Видео)


На бразилскиот автопат бр-116 долг 4345 километри на секои 15 километри има „пункт“ за детска проституција.

prostitutkaУНИЦЕФ проценува дека во Бразил се прституираат над 250 илјади деца.

Британскиот новинар Мет Ропер тргнал по тој пат кој му го сменил животот, откако го видел тоа што не можел ниту да го замисли.

Девојчиња од 9 и 12 години му раскажувале како макроа или нивните мајки ги нуделе на камионџиите за 10 евра, за потоа да бидат исфрлани од камионот кој дури и не застанувал. Биле со лузни од гребаниците од асфалтот.

По снимената репортажа, заедно со семејството Ропер се преселил во Бразил, каде отворил дом за девојчињата и основал фонд за помош, пренесува српскиот портал Телеграф.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1