Кили осуден на година затвор – знаев дека кршам закони, но се борев за својот живот


Актерот Кирил Поп Христов е осуден на една година затворска казна за производство и пуштање во промет на марихуана.

До правосилноста на пресудата Кирил Поп Христов ќе остане во домашен притвор. Во својата одбрана Кили рече дека бил свесен дека прави кривично дело, но произведувал марихуана за лекување на карциномот кој му бил дијагностициран, пренесува Макфакс.

kili„Знаев дека правам инкриминирани дејанија, но кога си на самиот раб меѓу животот и смртта, одиш по острицата на нож, воопшто не ме интересираат законите. Целта ми е да си го продолжам животот”, изјави Кили пред судот.

Тој појасни дека не произведувал канабис сатива, туку канабис индика, растение во коешто имало многу мало количество на ТХЦ, супстанца којашто е забранета. Од листовите на канабис индика правел сок и се обидел да направи масло, но неколку дена пред да биде готово маслото полицијата упаднала во семејната викендичка во скопско Визбегово.

„Триесет години пушам марихуана, а сега не можам да пушам оти канцерот ми се прошири на белодробното крило. Ова масло сега го набавувам преку интернет за 110 куни од Хрватска. Тоа е 500 мл и е разредено”, рече Кили.

Неговиот адвокат Владимир Данаилов рече дека канабис индика сé почесто се користи за лекување на канцерогени лезии и за лекување Алцхајмеровата болест и во сé повеќе држави е легализирана.

Поп-Христов беше уапсен пред неколку месеци откако во неговата куќа беа пронајдени десетици саксии марихуана.

Макфакс

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1