За 9 месеци пријавени 140 малолетници учесници во инциденти


Сто и четириесет малолетници кои биле инволвирани во инциденти се откриени и пријавени само во првите девет месеци од оваа година.

Иако се почесто сме сведоци на разни инциденти во кои се вклучени малолетници, статистиката говори дека за сите овие инциденти поднесени се 5 кривични пријави против 21 сторител поради сомнение дека сториле кривични дела „убиство во обид“, „тешка телесна повреда“ и „насилство“.

tepacka3

Против други 119 лица се поднесени барања за поведување прекршочна постапка заради „физички напад“, „предизвикување, поттикнување и учество во тепачка“, „нарушување на јавен ред и мир во заеднички простори, во двор или училиште“ и „занемарена грижа на дете од страна на родител или старател“.

Во последните три случаи вчера, од кои инцидентот во Стајковци беше посериозен каде беа повредени шест деца во автобус на ЈСП, МВР трага по напаѓачите.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, не откривајќи детали во интерес на истрага и поскорешното расчистување на инцидентот, вели дека полицијата постапува по своите надлежности. Неофицијалните информации говорат дека веќе на разговор се повикани неколку лица околу синоќешниот инцидент.

Курир

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1