Пари ваму ,пари таму, чекање по шалтери – Колку чини промена на презимето по брак


Многу жени одлучуваат по мажењето да го задржат своето презиме, бидејќи ако го земат презимето на својот сопруг, тоа многу ќе ги чини. Промената на документите е скапа, а скапо е и повеќедневното обиколување на шалтерите – трошење време, чекање во ред, нервоза….
maticno nevestaПо склучувањето на бракот, жените кои одлучуваат да го променат презимето или на своето да го додадат презимето на сопругот, ги чека и макотрпната обврска да ги променат своите лични документи, а тоа одзема неколку дена и чини повеќе илјади денари. Иако имаат важечки документи за секоја промена на документ сами си плаќаат од џебот исто како да вадат нови.
Ај што мора да ги промените сите документи – ама додека тоа не го сторите сте во затвор – односно не смеете да ја напуштите земјата со пасош во кои ви стои старото презиме. Ако патувате ќе си платите дебели казни. Како ќе знаат се прашувате – знаат веднаш. Првото прашање што ќе ви го постават кога ќе одите да вадите нов пасош е кога е склучен бракоти дали сте патувале.. Ако сте спремете си по околу 50 евра да си платите за секое излегување од земјата.
Затоа зборавете на романтичен меден месец – барем најмалку еден месец – период кој ви е потребен за д ги промените сите документи – и тоа ако имате среќа да вадите документи во период кога нема многу гужва. Ако се погоди нова година, или период пред летни одмори оваа голгота може да ви потрае и 3 месеци. Но што се мора се мора.
nevesta i zetМногу жени кои го менуваат своето презиме, не ги менуваат своите докумети и по повеќе од една година, иако законот ги обврзува да поднесат барање за промена на документите најдоцна до 15 дена од денот на склучување на бракот.
За да извадите нова лична карта, прво мора да извадите нов извод од матичната книга на родените – тоа чини.. 2 уплатници .. со се сите фотокопии кои ви се потребни и времето кое ќе го изгубите отидоа 1000 денари
За лична карта повторно се плаќа – и се чека од 7 до 10 дена. Потоа доаѓа пасошот – за него спремете си се на се околу 50 евра за се што ќе ви треба. со сите фотокопии документи, пак 2 уплатници од кои едната 1200 денари итн итн..
Но и тоа не е се  – возачка дозвола, сообраќајна дозвола, како и сите останати документи кои ги имате. Треба да пријавите промена и во банките со кои имате кредити или картички, потоа сметките доколку се на ваше име – струја, парно вода, станот на нотар да си заведете дека е со ново презиме и така до бескрај
На крајот кога ќе соберете се – задоволството да го носите презимето на сопругот ќе ве чини многу време, трчање по шалтери и сума сумарум околу 100 и кусур евра минимум само за личните документи. Доколку пак менувате се со се сметки и банки – без 200 евра нема да поминете.
Честит БРАК 🙂

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1