Човекот од Турново кој молеше за неговата болна мајка – доби помош


Болната и неподвижна 75 годишна старица од селото Турново ќе биде сместена на геронтологија. Еден ден по објавувањето на сторијата на Сител, министерот за труд и социјална политика  Диме Спасов лично го посети семејството Атанасови. Заедно со него пристигна и амбулантно возило со кое неподвижната баба Ката беше пренесена во геронтолошкиот завод во Скопје, јавува Сител.

nepddoviizznanaaaa111,, Изнајдовме начини да и помогнеме на оваа баба која е навистина во тешка здравствена состојба. Имено, денес ќе ја однесеме во геронтолошки завод во Скопје каде што ќе помине одреден временски период за да и се подобри нејзиното здравје и здравствена состојбата. Ќе биде лекувана и негувана од страна на стручни медицински лица со цел да ја подобриме нејзината состојба.,, рече Доме Спасов – министер за труд и социјална политика.

Помош ќе добие и синот на неподвижната жена. Живко Атанасов кој е примател на социјална парична помош и корисник на услугите на народната кујна ќе биде вработен. Со ангажман на пратеникот Васил Пишев, од понеделник тој започнува со работа во приватниот сектор, а пралелно со тоа ќе се работи и на реновирање на нивниот дом.

,, Од понеделник ќе започнеме со реновирање на нивната куќа, значи ќе помогнеме околу мебелот и околу покуќнината за да им обезбедиме еден нормален живот.,, рече Васил Пишев – пратеник во собранието на Република Македонија

43 годишниот Живко вели дека нема зборови со кои може да ја искаже неговата благодарност кон министерството, но и сите други кои го слушнале неговиот апел за помош.

Сител

Човек од Турново моли за помош – неговата мајка е неподвижна а нема каде да ја однесе (Видео)
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1