Овие работи ќе ги наследите од вашите родители


Алергични сте на полен, забите ви се во ужасна состојба, се плашите дека и вашето дете ќе ги има истите проблеми? Што можеби ќе наследи од вас, а што нема?

Генетското наследство го добиваме од двајцата родители – половина од мајката, половина од таткото. Во спиралната молекула, која ја нарекуваме ДНК запишани се сите информации, кои му се потребни на организмот за да преживее и да се прилагоди на околината.

Parents with ChildНо нашите родители преку ДНК можат да ни пренесат серија погрешни информации, односно недостатоци на своите гени. Сепак тоа не значи дека детето, на пример ќе носи очила, бидејќи вие сте кратковиди, туку само дека постои таа веројатност. Неправилната исхрана и недоволната физичка активност често ја забрзуваат појавата на болестите.

Од голема важност е на педијатарот веднаш да му кажете дали во семејството се повторува истата болест, бидејќи во тој случај превенцијата е од суштинско значење.

Алергии

Доколку двајцата родители се алергични на нешто, веројатноста дека таа ќе се појави кај детето е околу 60 отсто, ако само едниот родител е алергичен ризикот е околу 40 отсто, но доколку во семејството ја нема оваа болест, шансите се помали и паѓаат на десет отсто. Освен наследниот фактор ова заболување може да биде предизвикано и од други фактори, како на пример зачестен контакт со алергените (материи, кои предизвикуваат алергија), начинот на живот (градското население, почесто заболува отколку луѓето кои живеат на село)… Алергените можат да бидат различни, а меѓу најчестите се домашната прашина, различни видови на полен, млеко, житарки, овошје.

Кратковидост

Доколку двајцата родители се кратковиди, постои голема веројатност дека и детето ќе носи очила. Истото важи и кога некој во семејството е далекувид или астигматичен. И далтонизмот, неспособноста на препознавање на боите (сите или некои) се пренесува и тоа од мајка на машки деца.

homeremedy for tooth PainКариес и болести на забите

Кариесот е болест предизвикана од бактериите, но има деца кои имаат поголема склоност, отколку некои други, затоа што нивните родители патат од оваа болест на забите. За да го спречите појавувањето на кариес, бидете упорни во спроведувањето на хигиената на устата, но пред се, вие треба да му бидете пример на детето, кога ќе ве види со четкичка за заби ќе ве имитира. Освен тоа водете го на стоматолошки прегледи на секои шест месеци. Доколку некој во вашето семејство има исфрлена долна вилина, посетете стоматолог во четвртата година.

Депресија

Доколку некој во семејството пати од депресија (најчесто тоа е мајката), ризикот се зголемува на 40 до 50 отсто, бидејќи „болеста на духот“ е наследна. Секако, станува збор за клинички докажана депресија, а не за промена на расположението или за периоди кога сте нервозни поради замор и кога се чувствувате како да не можете понатаму. Она што се наследува е склоноста кон депресија, а околината во која детето расте може да го предизивка нејзиниот развој.

Егзема и псоријаза

Доколку во семејството има заболени од алергија, можеби и детето ја наследило склоноста кон атописка егзема. По генетски пат се пренесува и псоријазата, но може да се манифестира по силна бактериска инфекција (воспаление на крајници или на грлото) или кај адолесцентите по психофизички стрес.

Астма

Астмата е болест со доминантни симптоми на воспаление на дишните патишта, проследена со кашлица и отежнато дишење. Најчесто кај младите лица настанала поради алергии, додека во средното животно доба се јавува како бронхијална астма. Доколку еден од родителите боледува од астма, веројатноста дека и детето ќе заболи изнесува 25 отсто.

Пореметување во исхраната

Доколку двајцата родители се мошне крупни, мали се шансите дека нивото дете ќе биде ситно. Меѓутоа дали детето ќе биде дебело, зависи од тоа како јаде, односно како го научиле родителите. Доколку не се занимава со спорт и цел ден го поминува пред компјутер или телевизор, ќе има вишок килограми.

Денешен

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1