Познатата водителка Здравкица Билбиловска стана мајка. Таа и нејзиниот сопруг Воислав Милиќ станаа родители на здраво женско бебе.
Здравкица на својот профил на Фејсбук објави: „Пресреќна сум ја имам Маша“.
Билбиловска се породи во Белград и како што претходно изјавуваше извесно време ќе се повлече од медиумите и максимално ќе биде посветена на семејството
– Носам девојче и сакам ќерка ми да се вика Маша, на почетокот на следниот месец се селам во Белград каде ќе се породам и извесно време ќе бидам максимално посветена на семејството – изјавила Здравкица пред два месеци.
Plus Info