Патнички авион се урна во Русија – сите патници загинаа (Видео)


Авион Боинг-737, кој сообраќал на домашен лет во Русија, се урна денеска при слетувањето на рускиот град Казан, јави ИТАР-ТАСС.

Според првичните информации од руското Министерство за вонредни ситуации во несреќата загинале 50 лица, 44 патници и шест членови на екипажот.

rusija nesrekja– Во 19:30 часот по московско време на аеродромот во Казан при слетувањето се урна Боинг-737, кој сообраќал од Москва за Казан. По урвивањето одекнала експлозија, нагласи Министерството.

Авионот Боинг 737-500 е на авиокомпанијата „Татарстан“, соопшти руската Агенција за цивилно воздухопловство.

Авионот летал од Москва и се обидел по вторпат да слета на аеродромот и експлодирал при ударот. Казан е главен град на руската република Татарстан што се наоѓа околу 800 километри источно од Москва, а тамошниот аеродром е затворен по несреќата.

 „Според основата верзија се разгледува грешка на екипажот, односно човечкиот фактор”, изјавил за РИА Новости соговорник од правосудните органи во Татарстан. Тој потврдил дека авионот удрил со носот во пистата на авионот, како и дека е изгаснат пожарот што избувнал по несреќата.

На местото се испратени екипи на сите спасувачки служби.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1