Годинава ЈП „Македонски шуми” ќе засади од четири до пет милиони шумски садници на површина од над илјада хектари.
Годинашната акција за пошумување на Македонија ќе се одржи наредната недела, но уште не е одреден датумот за кој треба да одлучи Владата на Република Македонија.
Денот на дрвото ќе се организира шестта година по ред и се очекува да бидат засадени околу 5 милиони садници. Директорот на Јавното претпријатие „Македонски шуми“, Жарко Караџоски, вели дека манифестацијата се одложува затоа што изминативе денови времето беше топло и несоодветно за садење.
– Најверојатно акцијата ќе се одржи наредната недела, но Владата ќе го даде последниот збор. Планираме да засадиме дрва по планини и патишта, покрај езера, автопати и во централните подрачја ја општините – вели директорот.
Вчеравечер и утринава, инаку, по новинските сајтови се рашири информацијата дека Денот на дрвото ќе се одржи в среда и дека денот ќе биде неработен, но тоа не е точно.
Плус Инфо