Последниот концерт на саксофонистот Нинослав Димов предизвика овации, а него го вивна меѓу македонската музичка елита од кого допрва треба да се очекува многу – за среќа на публиката со префинет вкус Нино најавува нов концерт.
Концертот ќе се одржи во салата на ФМУ на 20.11.2013 со почеток во 20:00 часот. Освен Димов со него настапува и Маја Поповиќ – пијано.
Млад, афирмиран саксофонистот Нинослав Димов, со впечатливиот избор на автори кои ги изведува, постојано покажува дека и во Македонија имаме музичари кои рамо до рамо можат да се носат со светските саксофонисти и да му дадат душа на на овој инструмент.
Успешниот концерт минатата година му создаде обврска – новиот концерт да е со уште поспектакуларнои дела
Нинослав ќе ги изведе
Ida Gotkovsky – Variations Pathetiques
Ante Grgin – Sonata za saksofon i pijano
Andres Alen Rodrigues – Tema con variaciones y fuga
Paul Agricole Genin – Carneval de Venise
Нинослав Димов е еден од најмладите наставици- доцент по саксофон на Факултетот за музичка уметност во Скопје.
Димов студирал и на „Универзитет дер Кунст“ во Берлин во класата на проф. Детлеф Бенсман, каде што во 2006 година ги заврши додипломските студии по саксофон за потоа и да продолжи со специјализација на „Концертегзамен“ се’ до 2009 година.
Тој својата кариера, освен на пленувачката талентираност, ја темели пред се на извонредната школа – онаа која ја стекнал учејки кај својот татко – најпознатиот македонски кларинетист и саксофонист Стојан Димов.
По повеќе забележителни настапи како солист и водач на квартетот саксофони ,,Димов“, тој се посвети редовно да одржува концерти и за публиката во Скопје. Која според Нино и те како знае да препознае и цени вистински вљубеник во музиката кој ја остава душата низ својот инструмент.