13 малолетници од Скопје Аарачиново, Студеничани, Батинци и Грчец се идентификувани како насилниците во автобусите 33 и 7 од минатата недела.
Двајца од нив според МВР учествувале и во двата инцидента. Во првиот случај осуммината осомничени без причина со тупаници нападнале 17 годишен ученик а наредниот ден жртва на тепачите бил 15 годишник.
Четворица од осомничените малолетници и од претходно и се познати на полицијата која ги пријавувала за дела од насилен криминал и разбојништво. Полицијата се уште ги нема откриено маскираните тепачи од 65 ка кои со палки и шипки упаднаа во автобусот и ги нападнаа средношколците кои се враќаа од училиште. Се повикуваат лица на службен разговор и се работи на идентификација, објаснуваат од МВР.