Зошто пријател на обвинетите во Детонатор со мобилен скришно ги сликал судиите


Пријател на еден од обвинетите во случајот Детонатор со мобилен телефон неовластено ги фотографирал членовите на Судскиот совет, пишува Вест.

DETONATOR_NOVAИнформацијата за весникот ја потврдиле од канцеларијата за односи со јавност во Скопскиот кривичен суд. Од таму велат дека лицето кое се наоѓало во публика и кое се претставило како братучед на еден од обвинетите ги фотографирало судиите и членовите на советот во моентот кога сакале да ја напуштат судницата по завршување на судењето.

-Тој бил забележан од судската полиција која веднаш интервенирала и му го одземала мобилниот. Прашан во кое својство се дојден во судница, тој изјавил дека е братучед на некој од обвинетите, но не знае како тој се вика. Потоа појаснил дека ги познава обвинетите и дека намал каде да оди па затоа решил да седи во судница.

Од судот појаснуваат дека на фотографиите на одземениот мобилен телефон се наоѓале членовите на Судскиот совет, а на една фотографија се гледал и ликот на првообвинетиот Игор Горански. Судската полиција веднаш ги повикале МВР која пристигнала на увид и лицето кое ги направило фотографиите најверојатно кривично ќе одговра, пишува Вест.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1