koce7Тој го посети пунктот на јавното претпријатие улици и патишта, истакнувајќи дека градот има набавено 2 илјади и 700-тини тони сол и дека расчистувањето на скопските улици ќе го вршат 25 специјални возила.

Откако комуналните служби започнаа да ги обележуваат улиците и среде ден со што се отежнува сообраќајот, трајановски вели дека тие служби работат и дење и ноќе, а обележувањето на улиците доцнело поради пропаднат тендер.

Поради тоа во иднина бојата за пешачките премини и уличните ленти ќе се набавува за две или повеќе години, а не како досега само за тековната година.