Грчки Гудис – ресторани за брза храна – почнува со работа во декември во Веро


Грчките синџир за ресторани за брза храна „Гудис“ планираат да отворат ресторан во Скопје, а според неофицијални информации, се очекува ресторанот да биде отворен во декември во „Веро центар.

gudis„Гудис“ ќе функционира на принцип на франшиза, а како што неофицијално се дознава одговорна компанија за доделување на франшизите ќе биде „Веропулос“ ДООЕЛ Скопје, јавува дописниот на Утрински весник од Грција. Од „Верополус“ ДООЕЛ Скопје за весникот изјавиле дека веќе истакнале плакати дека ќе се отвора ресторан „Гудис“.

На мапата на компанијата за иднина се позиционирани и Црна Гора, Косово, Либија, Украина и Казахстан. Проширувањето на грчкиот и на странскиот пазар, според Папаниколау, во моментов е главна цел на компанијата.

Грчкиот ресторан за брза храна е основан во 1975 година во Солун и до денес важи за еден од водечките синџири за брза храна во Грција, со над 130 ресторани во Грција, а има и два на Кипар и еден во Тирана

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1