„10 илјади евра месечно се трошеа за пари за сини картони, што сега со новиот систем ќе бидат заштедени пари“, вели Маја Парнарџиева Змејкова директор на ФЗОМ.

Околу 300 илјади картички има во подрачните служби на ФЗОМ. Граѓаните кои поднеле барање, можат да проверат дали нивните елекстронски здравствени картички се изработени. Истите можат слободно да се јават на бесплатниот телефонски број 0800 33 222 или да испратат електронско писмо на [email protected]. Службите ќе им одговорат дали е готова и дали може да се подигне картичката.