Во случај да одбиваат да дуваат во дрегер, со измени на Законот за безбедност во сообраќајот, сега веќе не ги водиме “инаетливите” возачи на вадење крв туку полицаецот ја има таа должност веднаш да напише казна од 500 евра, еднаква на највисоката казна за возење под дејство на алкохол”, изјавиле од сообраќајната патрола за Вечер.
Законот за безбедност на сообраќајот на патот децидно стои дека полицијата ќе смета дека е под дејство на алкохол секој возач за кој со дување преку дрегер-апарат за мерење на алкохолизираност или пак анализа на крвта или на урината или со друг метод за мерење на количеството на алкохол во организмот, ќе се утврди дека содржината на алкохолот во крвта изнесува повеќе од 0,50 г/кг.
Меѓутоа од полицијата потенцираат дека алкохол во крвта воопшто не смее да има возачот почетник и возачот на моторно возило од категориите “Б+Е”, “Ц”, “Ц+Е” и “Д” и “Д+Е” или од поткатегориите “Ц1”, “Ц1+Е”, “Д1” и “Д1+Е” додека управува со возило од таа категорија, потоа возачот на возило со кое се врши јавен превоз – додека со тоа возило врши јавен превоз, возачот-инструктор и кандидатот за возач и тоа за време на оспособување во практичното управување со возило и претседателот и членовите на испитната комисија – додека спроведуваат практичен дел на возачкиот испит.
Глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на возачот кај кого ќе се утврди содржина на алкохол во крвта од 0,51г/кг до 0,99 г/кг. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од 3 до 6 месеци.
Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на возачот кај кој ќе се утврди содржина на алкохол во крвта од 1,00 г/кг до 1,49 г/кг. Покрај паричната казна возачот ќе добие и забрана за управување со моторно возило од 6 до 9 месеца.
Глоба во износ од 350 евра ќе му се изрече на возачот кој ќе се утврди содржината на алкохол во крвта од 1,50 г/кг до 1,99 г/кг, а за што ќе добие забрана за возење од 9 до 12 месеци.
Глоба во износ од 400 евра ќе му се изрече на возачот кај кој ќе се утврди содржина на алкохол во крвта од 2,00 г/кг и повеќе, а ќе добие и забрана од 12 месеци.
Вечер