По две операции и 27 извадени миоми од матката, една жена од Белград родила здраво момче. Таа веќе имала две деца, но сакала трето. Борбата со миомите накратко ја спречиле во таа замисла, но сепак желбата и се исполнила.
„Пред пет години ми беа отстранети осум миоми, но, проблемот беше тоа што тие се вратија, и што пред една година повторно бев на операција каде и беа извадени дури 19 миоми. Сепак сакавме трето дете и во ниту еден момент не се откажав од идејата“ ја раскажува за весникот „Блиц“ својата приказна белграѓанката.
Таа немала проблем да остане трудна, па по шест месеци од втората операција веќе чекала бебе. Таа не може да сокрие колку е радосна што нејзината неколкугодишна борба со миомите, бенигните тумори и крварењата завршиле на најдобар можен начин. Таа вели дека пораката кон сите жени кои имаат слични проблеми е да веруваат во себе и да најде добар доктор со кого ќе ги поминат сите препреки. Првите две деца на оваа жена имаат 23 и 25 години и се воодушевени што имаат помал брат.
„ Таа изминативе пет години имаше две операции при што и беа отстранети 27 миоми, од кои најголемиот имаше осум сантиметри и беше голем скоро колку матката . Со толку голем број на операции, и толку многу миоми се мислевме дали воопшто ќе може да остане бремена, но се помина без никакви проблеми“, вели професор Недељко Чутура лекар од болницата „Национален фронт” во Белград.