Градинарот од детската градинка „8-ми Март“ во Скопје кривично ќе одговара за загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.
Како што информираат од МВР, 52 – годишниот С.И. на 24 октомври, додека бил под дејство на алкохол, започнал расправија со директорката на градинката во која работел.
Тој и се заканувал, па дури извадил и нож, барајќи да му даде отказно решение.
Полицијата му поднесе кривична пријава, ќе одговара за загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.