Темната страна на производството на јајца


 Секоја година се убиваат милијарди штотуку родени машки пилиња. Причината е тоа што машките не несат јајца, а гоењето не се исплати.

Кога ќе се испилат пилињата во индустриските погони за одгледување, вработените веднаш ги делат на машки и женски. Кокошките се ставаат во картони на десната подвижна лента, и се праќаат понатаму за чување. Петлите, меѓутоа, се ставаат на левата подвижна лента која ги води во сигурна смрт.

pilinjaВиновна за тоа е специјализираната индустрија за одгледување живина, објаснува Мариус Тинте, портпаролот на Германското здружение за заштита на животните во интервју за Дојче веле: „Има кокошки кои се гојат и одгледуваат за месото и кокошки кои даваат многу јајца. Машките пилиња немаат економска вредност за одгледувачите. Затоа тие едноставно се убиваат“.

Половина од пилињата кои се раѓаат се машки и со тоа непожелни. На индустриските погони не им се исплати гоењето бидејќи не растат доволно брзо за да бидат профитабилни. За гоење постојат други специјализирани сорти – кокошки за гоење – и кај овие видови се гојат и мажите и жените.

Мелење или гушење

Пилињата се внесуваат во машини за мелење со остри ножеви или се задушуваат со јаглерод диоксид. „И во двата случаи поминуваат низ агонија“, вели Тинте. „За време на мелењето животните често преживуваат со тешки повреди. А на снимките за време на пуштање на плинот јасно може да се види, како се борат за здив, пред да умрат“.

Убиените пилиња потоа се преработуваат во животинско брашно и се палат. Некои од задушените пилиња се користат и како храна за птиците грабливки во зоолошките градини, но според Германското здружение за заштита на животните, тоа е мал број.

Половина од пилињата кои се раѓаат се машки и со тоа непожелни

jajce4Био-јајцата не се решение

По делењето на пилињата на машки и женски, се одлучува дали женските пилиња ќе бидат однесени на био-фармите или во индустриските претпријатија, што значи дека ни био-фармите не можат да се дистанцираат од овој систем.

„Моментално не постои алтернатива на пазарот“, вели Гералд Веде, портпаролот на Сојузот за еколошко одгледување, „Биоланд“: „Можеме само да пробаме да го ублажиме проблемот“.

Вообичаено кокошките што несат јајца се убиваат по првото митарење. Затоа „Биоланд“ им препорачува на своите претпријатија да не ги убиваат кокошките, бидејќи и по митарењето тие повторно положуваат јајца, иако не толку многу како претходно. Кога повеќе кокошки би го доживеале вториот циклус на несење јајца, потребата за нови би се намалила.

Се крши Законот за заштита на животните?

Според првиот член од Законот за заштита на животните, за убивање на животни мора да постои валидна причина. Но борците за правата на животните, дури и некои правници, се сомневаат дека за убивање на машките пилиња има валидна причина.

Машките пилиња немаат економска вредност за одгледувачите и затоа се убиват

Сепак тоа се допушта. Со правилникот на Европската унија дури се уредува и начинот на кој пилињата треба да бидат сомелени или задушени – машините за мелење не треба да се преполнат, а пилињата треба да бидат стари само 72 часа.

Сојузното министерство за прехрана, земјоделство и заштита на потрошувачи (БМЕЛВ) на прашање од ДВ, одговори: „Убивањето на машките пилиња треба да биде последно решение, по исклучување на сите други можности за можна употреблива економска вредност“. Но, нема друго решение освен неисплатливото гоење.

Можно решение?

На многумина им е јасно дека убивањето на пилињата не е практично, ниту е во согласност со Законот за заштита на животните, дури и на претпријатијата за одгледување.

„Никој, па дури ни индустријата не сака да продолжи со убивањето на машките, здрави пилиња“, вели Мариа-Елизабет Краутвалд-Јунгханс, ветеринарка и научник на Универзитетот во Лајпциг. Таа истражува начини да се открие полот на пилињата пред да се испилат. На тој начин би можеле да се родат само женки.

Кокошките се гојат и одгледуваат за месото и јајцата

Кај говедата и другите цицачи решението е поедноставно, бидејќи спермата може да се класифицира. Кај живината тоа не е можно бидејќи полот не се одредува по спермата, туку од јајце клетките.

Најдобро решение, според одгледувачите како и Сојузот за заштита на животните е да може женките да несат јајца, а машките да се гојат – како што било пред 1950. Но, поради ефикасност се преминало кон убивање на машките пилиња.

Додека не се најде решение, на потрошувачите, кои сакаат да го бојкотираат убивањето на пилињата, им останува понекогаш да се одречат или да јадат помалку јајца и други производи од јајца“, заклучува Тинте.

DW.de

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1