Газдата починал – Четирите мали кучиња кои ги чувал, го изгризале телото до коска


Бриселската полиција денеска откри ужаснa глетка во стан во населбата Андерлехт во белгијската и европска престолнина, наоѓајќи го телото на 60-годишен маж изеден до коска од неговите четири кучиња, пренесува МИА.

kuce3Од човекот висок 1,70 метри останале само неговите коски од кои најдолгата само 50 сантиметри!

Според Марија Вербеке, портпарол на бриселската полициска станица „Миди“, човекот што бил изеден умрел од природна смрт пред три недели.

Откако нивниот господар починал, неговите четири мали домашни миленичиња почнале да го голтаат неговото месо. Кучињата по откривањето на ужасната слика биле однесени во прибежиште за животни, но според најавите тие ќе бидат евтаназирани.

Телото, односно коските на 67-годишниот Жак Б., полицијата ги откри по предупредување на негов сосед кој бил загрижен за повеќенеделното отсуство на Жак.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1