Од почетокот на април наредната година македонските граѓани со „Визер“ ќе можат да летаат на уште три нови дестинации Париз, Брисел и Франкфурт, најави премиерот Никола Груевски.
Најниската цена на авиобилетите ќе изнесува 1500 денари. Покрај деветте линии кон кои сега Визер оперира, сега македонските граѓани ќе имаат можност да ги користат евтините летови кон вкупно 12 европски метрополи со што дополнително се стимулира авионскиот сообраќај во земјава.
Покрај Визер за кратко време во авионскиот бизнис во земјава ќе влезе и уште една нова ниско буџетна авиокомпанија, најави премиерот Груевски. Инвестицијата е извесна, премиерот не го откри името, само најави дека се работи за позната светска авиокомпанија која работи на принципот на нискобуџетни летови. За прво време ќе лета од Скопје кон три дестинации.