3 лица загинаа, а 15 се повредени во сударот на повеќе возила, кој рано утрово се случи кај тунелот Крпани на делницата на автопатот А1 Свети Рок-Масленица, во насока кон Загреб.
Во несреќата учествувале дваесетина возила, меѓу кои и автобус, камион со приколка и повеќе патнички автомобили и комби, соопшти госпичката полиција, пренесува порталот Индекс.
– Според засега достапните информации, автобусот во кој немало патници, ја пробил заштитната ограда и ја попречил спротивната лента на автопатот.
Дошло до верижен судар, во кој во обете насоки учествувале околу 20 возила. Сообраќајот по автопатот А1 е затворен во двете насоки, изјави портпаролот на жупанските полиција Маја Брозичевиќ.
Весникот „Јутарњи лист“ повикувајќи се на наофицијални извори објави дека меѓу загинатите е и еден полицаец. Тој наводно меѓу првите стасал на местото на несреќата и се обидувал да го регулира сообраќајот, односно да ги предупреди останатите учесници на верижниот судар, но и самиот настрадал во налет на возило.
Повредените меѓу кои и едно 15 месечно бебе се пренесени во болница. неколкумина од нив имаат сериозни повреди и се во животна опасност