Се јавувала кај пензионери и ги лажела дека им починале децата!


Една жена (37) од Франција осудена е на 210 часа социјално-корисна работа, откако им се јавила на неколку постари лица да им соопшти дека нивни ближни починале или се сериозно болни, пишува денеска францускиот печат.

spy-on-cell-phonesЖената, чие име не е наведено, во март пронашла жртви во телефонскиот именик. По гласот ги насетувала дали се постари лица и се претставувала дека е лекар од болница во Нанси, на западот на Франција и им соопштувала дека нивните деца се во тешка здравствена состојба, или дека починале.

Некои луѓе тогаш оделе во болница за да проверат, а чекале и по неколку часа да им се обрати некој лекар. Така жртвите откриле дека во прашање е тешка измама.

Психијатрите навеле дека жената поседува болест на перверзија и незрелост, бидејќи самата рекла дека уживала правејќи го тоа.

Таа е осудена и на казна од 6.500 евра. Бидејќи таа ова не го правела сама, туку со 17-годишниот син и еден пријател, тие ќе добијат до 8 месеци затвор условно, а таа по казната ќе оди на лекување.

Sky

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1