Дочекот на Новата година за едни е можност да ја доживеат „најлудата ноќ“ во годината, а за други добро да заработат од истата.
Пејачите се оние кои Новата година ја дочекуваат со неколку илјади евра повеќе на својата сметка, а сумата понекогаш знае да достигне и до 100.000 евра.
Колку пари ќе заработат Северина, Жељко Јоксимовиќ, Сека Алексиќ и други од дочекот на 2014-година?
Северина договори новогодишен настап за 20.000 евра повеќе од минатата година. Хрватската пејачка ќе настапува во Црна Гора во Бечиќи каде ќе заработи 50.000 евра.
Миленикот на женската публика, Саша Ковачевиќ ќе ја дочека 2014-та година во Париз. Сепак за разлика од останатите негови колеги, Саша сумата за неговиот настап ја држи во тајност.
Сека Алексиќ за дочекот на Новата година ќе заработи 30.000 евра, а ќе пее во Германија – Дизелдорф.
Жељко Јоксимовиќ и Здравко Чолиќ ќе настапуваат во Будва. За настапот Жељко ќе добие 50.000 евра, додека Чола 100.000.
ХитПортал.ком.мк