– Ти благодарам за прекрасната вечер. Би сакала ова да го правиме почесто. Оваа порака британската полицајка, наместо на љубовникот, ја испратила на сопругот, кој тие денови бил на пат.
– Ме молеше вечерта и утрото, ме убедуваше дека и е жал, дека и се случило з апрв пат и нема да и се повтори. Утрото пак ми зборуваше. Ми ѕвонеа на телефон од работа, а јас од што бев лут го треснав телефонот од земја – вели сопругот на Гејл.
Отишол во продавница да си купи нов телефон, а кога се вратил Гејл не била дома. Заминала некаде со автомобилот.
Таа се одвезла 2,5 километри подалеку од нивниот дом и се напила смртоносна доза лекови. Следното утро пријатели на Гејл и Питер Крокер го забележале нејзиниот автомобил во паркот, и му јавиле на Питер. Во автомобилот било безживотното тело на Гејл до кое е пронајдено празно шишенце од лекови и проштални писма до Питер и нивните две ќерки.
– Таа беше мојот живот. Имавме планови. Ништо не беше толку вредно за да си го одземе животот. Без неа сум изгубен – изјави Питер Крокер.