POLICAJKA46 годишната Гејл Крокер и 49 годишниот Питер Крокер биле во брак 30 години. Кога тој отишол на службен пат во Лондон, Гејл имала средба со својот љубовник – колега од работа. Му напишала порака во која му се заблагодарува на колегата за прекрасниот љубовен состанок но  по грешка пораката ја испратила на сопругот. Кога тој се вратил од службениот пат, Гејл со солзи во очите го убедувала дека неверството и се случило за прв пат и го молела да и прости.

– Ме молеше вечерта и утрото, ме убедуваше дека и е жал, дека и се случило з апрв пат и нема да и се повтори. Утрото пак ми зборуваше. Ми ѕвонеа на телефон од работа, а јас од што бев лут го треснав телефонот од земја – вели сопругот на Гејл.

Отишол во продавница да си купи нов телефон, а кога се вратил Гејл не била дома. Заминала некаде со автомобилот.

Таа се одвезла 2,5 километри подалеку од нивниот дом и се напила смртоносна доза лекови. Следното утро пријатели на Гејл и Питер Крокер го забележале нејзиниот автомобил во паркот, и му јавиле на Питер. Во автомобилот било безживотното тело на Гејл до кое е пронајдено празно шишенце од лекови и проштални писма до Питер и нивните две ќерки.

– Таа беше мојот живот. Имавме планови. Ништо не беше толку вредно за да си го одземе животот. Без неа сум изгубен – изјави Питер Крокер.