Зголемен број на мозочни удари во Македонија – виновник променливото време


Последниве денови во скопската градска болница „8 Септември“ предоцна биле донесени неколку пациенти без знаци на живот, кои лекарите не успеале да ги спасат и покрај низа мерки за реанимација

mozocen udarЗаладувањето, но и честите промени на времето, освен вируси и инфекции прават подлога за зголемување на бројот на мозочни и срцеви удари кај граѓаните. Лекарите апелираат тие да прават почести контроли на здравствената состојба и доколку им се влоши веднаш да појдат на лекар, пишува Нова Македонија.

– Има зголемен број на мозочни и срцеви удари. Деновиве имавме неколку смртни случаи, пациенти донесени без знаци на живот, кои со сите реанимациски мерки не сме успеале да ги вратиме. Како се заладува така се зголемува потребата за терапија, особено за оние со висок крвен притисок. Советувам и пациентите со проблеми со притисокот и со проблеми со шеќерот редовно да ги контролираат. За какви било промени треба да се јават или кај матичен лекар, кај дежурен или во служба за итна помош. Болните да не ги занемаруваат вртоглавиците, интензивните главоболки – велат лекарите

Секој мозочен удар, велат лекарите, дава различни симптоми. Најчести се: слабост или одземеност на лицето, рацете или нозете, нарушување на говорот, нагло замаглување или губење на видот, особено на едното око или во половината на видното поле, нагла и јака главоболка проследена со повраќање, губење рамнотежа, вртоглавици, несигурност и занесување при одење.

Зголемен е и бројот на луѓе со срцеви удари. Најчест симптом што укажува на срцев удар е појавата на градна болка, која е неочекувана, нагла, многу силна, вознемирувачка, со чувство на страв. Во најголем број случаи, болката почнува од централниот дел на градната коска или од стомакот, а обично се шири кон вратот, горната вилица, грбот, двете рамена и кон рацете. Многу често е проследена и со други симптоми: главоболка, несвестица, ладно препотување, општа слабост, лошење, повраќање, отежнато дишење, пад на крвниот притисок, појава на аритмии, срцева слабост и други симптоми.

Нова Македонија 

Битно да се знае – Како да препознаете мозочен удар 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1