Царинските службеници на скопскиот аеродром „Александар Велики“ вчера спречиле обид за нелегално внесување во државата на 24 илјади швајцарски франци.
-Вчера, околу 17 часот, на Аеродром Александар Велики во Скопје, за влез во Република Македонија, се пријави патничка во инвалидска количка, со иницијали С.И., придружувана од нејзиниот сопруг, двајцата македонски државјани, кои пристигнале со лет од Цирих.
И покрај тоа што се определиле за зелен канал, каде поминуваат патници кои немаат ништо за пријавување, царинските службеници ги селектирале за детален преглед. При прегледот, во рачната чанта на патничката и во нејзиниот градник, пронајдени се 36 илјади швајцарски франци, за што не поседувала никакви документи како доказ за потекло, информираат од македонската Царинска управа.
Согласно законот за девизи, на патничката и се вратени 12 илјади франци, износ што резидент може слободно да го внесе во државата. Останатите 24 илјади франци привремено се задржани.
Царинската управа поднела прекршочна пријава за утврдување на одоговорноста на С.И..