Еве што ни го скратува животот


1. Седење повеќе од неколку часа на ден

Ако седите повеќе од 3 часа секој ден, можете да си го скратите животот дури за 2 години. Досегашните истражувања покажале дека ниту редовното вежбање не може да влијае на негативните влијанија од долготрајното седење.

Студијата објавена во JAMA Internal Medicine тврди дека доколку седиме повеќе од 11 часа на ден се зголемува ризикот од смрт за 40 отсто во наредните 3 години.

tv-skull-fb2. Ги занемаруваме пријателите

На Универзитетот Северна Каролина, споредувајќи ги резултатите од 146 истражувања, откриено е дека луѓето кои имаат послаби социјални интеракции умираат порано од друштвено активните луѓе. Долготрајните периоди на самотија се подеднакво лоши како и пушењето 15 цигари дневно.

3. Гледањето телевизија е штетно

Дури и два часа се премногу, сметаат научници од Харвард, наведувајќи дека тоа може да доведе до зголемен ризик од болести на срцето, дијабетес тип 2 и други штетни последици. Според New York Times, секој час минат пред телевизор на возраст над 25 години го скратува животот за 21,8 минути.

work boss3

4. Предолго време без секс

Истражување направено на мажи покажало дека подолг период без оргазам може за 50 отсто да ги зголеми можностите за прерана смрт, во споредба со оние кои имаат редовен сексуален живот.

5. Трпите напорни колеги

Несоздавањето добри односи на работното место негативно влијае на здравјето на луѓето. Според истражувачи од Универзитетот во Тел Авив, ако имате поддршка од колегата, полесно ќе се носите со стресот и автоматски ќе бидете поздрави и подолго ќе живеете.

6. Недоволно сон

Тим истражувачи од Харвард открија дека животниот век се намалува кај луѓето кои редовно спијат помалку од 5 или повеќе од 9 часа дневно. Тоа може да доведе до кардиоваскуларни болести, дијабетес, рак, дебелеење и слични појави.

Кајгана.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1