И попови и оџи не плаќале придонеси


popovi

Од утре на 6 000 правни и физички лица ќе им бидат блокирани жиро сметките поради неплатени придонеси за пензиско и инвалидско осигурување, пренесува МТВ.

Од вкупно 1426 баратели за долгови од 1998 до 2008 правото да ги платат на рати без камата во рок од 6 месеци, го искористиле  половина од нив.

“На Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, на основа на неплатени придонеси субјектите му должат негде околу 10,8 милијарди денари. Во оваа цифра влегуваат сите правни и други супбјекти, трговци поединци, земјоделци, оџи и попови“, рече Незири.

Долгот на поповите е 69 милиони денари или околу 1,12 милион евра. Долгот на оџите е нешто поголем, односно 1,38 милион евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1