Во голем пожар во станбена зграда во Штип, повредени се две лица.
Пожарот избувнал во подрум во зграда на улицата „Ванчо Китанов“ околу 16 часот и започнал да се шири нагоре кон становите.
На терен веднаш излегле екипи на противпожарната единица и успеале огнот да го стават под конторла. Според официјалните информации, едно машко лице побарало лекарска помош поради изгореници, а една жена се пожалила на проблеми со дишењето.
Полицијата го потврди случајот. Од таму велат дека ќе се изврши увид по што ќе се знае кои се причините за избивањето на огнената стихија
Нетпрес/ Видео – Ирис ТВ
Post by Ирис Телевизија.