Двајца македонски градоначалници уапсени во Бугарија


Градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски, и градоначалникот на Виница, Емил Дончев, вчера вечерта биле уапсени на граничниот премин Станке Лисичково / Делчево, откако бугарската гранична полиција во нивниот автомобил пронашла 20 ловечки куршуми и кутија со 100 ловечки патрони, калибар 22, пишува бугарската агенција „Фокус“, пренесува Плусинфо.

bugarija granicaСпоред информациите кои ги објавува бугарската агенција и ги пренесува Плусинфо, Дончев и Димитровски биле уапсени синоќа околу 19:30 часот, откако во Цитроен-от со македoнски регистарски таблички во кој се возеле двајцата градоначалници, полицијата ги пронашла куршуумите и патроните.

Полицијата го известила дежурниот ЈО, кој на градоначалниците им одредил 24 часовен притвор.

Засега нема официјална потврда од македонското МНР.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1