Проговорила по 70 години: Го исполнила ветувањето кое го дала на дете во Аушвиц (Видео)


Иби Книл денес има 90 години и живее во Велика Британија. Таа одамна се омажила и денес има две веќе возрасни деца, па за себе вели дека имала добар живот.

zena-iz-ausvica-foto-youtube-1386349814-408337Сепак, во нејзиниот живот се до неодамна постоела дамка, од она што како млада девојка го преживеала во Втората светска војна, па за да собере сила и да ја раскаже својата приказна и биле потребни речиси 70 години.

Имено, Книл е родена во Чехословачка, но како Еврејка во 1942 година избегала во Унгарија, се со цел да се спаси од прогонот на нацистите. Сепак, “Хитлеровата рака” ја стигнала и таму, била транспортирана во озогласениот логор Аушвиц.

Тоа било како отворање на вратите од пеколот пред неа. Иби никогаш нема да ја заборави првата ноќ по доаѓањето во “логорот на смртта”. До неа таа вечер доползело малечко девојче и и раскажало дека врз нејзе и нејзината сестра близначка наскоро ќе бидат вршени експерименти. “Ми кажа дека потоа ќе бидат убиени во гасни комори”, раскажала Книл.

“Ако преживеете, Ве молам раскажете ја нашата приказна”, ме натера да и ветам, се присетила денес деведесетгодишната Книл на зборовите на малечкото девојче кое што оттогаш, никогаш повторно не го видела.

ausvic-deteВо Аушвиц Книл поминала шест недели, а потоа била префрлена во германскиот работен логор Кауниц, каде што го дочекала и ослободувањето, а ветувањето дадено кон девојчето никогаш не го заборавила.

“Кога војната конечно заврши, не мислев дека е вистинско време да зборувам за она што таму се случуваше, објаснува Иби Книл, додавајќи дека молчела се досега затоа што била премногу трауматизирана и настаните биле толку свежи, што едноставно не можела на било кого да му раскаже за нив.

Сега Иби Книл напишала мемоари и за истите вели дека се исполнување на ветувањето дадено кон девојчето. Неименуваното девојче, како и други повеќе од шест милиони луѓе настрадани во логорите на смртта ширум окупираната Европа веројатно денес можат да почиваат во мир.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1