Босанец – шеик: Нашол извор на нафта во својот двор (Фото)


Кога Хајрудин Билалиќ во 1996 година ја купил куќата во Пожарници кај Тузла, не ни сонувал дека ќе наиде на вистински извор на нафта- сон на секој човек кој сонува за лесен и удобен живот.

Nafta_dvoriste

Кога ја најдов во еден момент се видов себе како шеик – вели Хајрудин

-Кога работев нешто на полето, имаше многу смет. Сето тоа го исчистив и се појави една дамка. Не сватив на почетокот за што се работи, но ден потоа почувстував чуден мирис- изјавил Хајрудин за Анадолија.

Тој вели дека 15 години нафтата постојано излегува од земјата, без разлика дали е лето или зима, нафтата излегува на површината со исто темпо. Хајрудин открива дека и во зимскиот период нафатата е запалива.

Моментално според испитувањата, на неговиот имот има два извори, едниот на плин а другиот на нафта.

acdd4823-eee9-490d-b747-ca7790a36522mw1024ns

Но освен студенти кој земаат примероци за дипломска работа, никој друг не се заинтересирал за изворот, вели Хајрудин

Ми кажаа дека некои холанѓани ќе дошле, но еве нема никој. Не разбирам зошто не го користиме она што ни го дава природата.

Други земји извезуваат, прават пари а ние оставаме да истекува во природата и не ја користиме, вели селанецот.

Сепак нафтата им се наоѓа – тој и селаните ја користат за греење.

Доаѓаат селани и со канистри полнат, па ја користат за греење – вели Хајрудин кој се надева дека еден ден нафтата од неговиот двор можеби ќе му донесе и полагоден живот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1