Пронајдени огромни количини слатка вода под океаните


При истражувањата на морското дно истражувачите дошле до неочекувано откритие. Откриени се резерви на вода, но не како што досега се сметаше солена вода или непитка туку напротив – најдени се огромни резерви на слатка вода се пронајдени подкои лежат под океаните. И тоа во огромна количина, многу повеќе отколку што се сметало дека има досега.

Superstorm AnniversaryНаучниците на австралискиот универзитет Флиндерс проценуваат дека под морското дно на Австралија, Кина, Северна Америка и Јужна Африка се наоѓаат околу 500.000 кубни километри на вода со низок салинитет.

„Количината на откриена вода е стотина пати поголема отколку онаа која минатиот век ја извлековме од површинските слоеви, велат научниците

Според мислењето на истражувачите, откритието би можело да помогне во решавањето на проблемите со сушите и големите проблеми со недостатокот на вода. Доколку сегашните извори на питка вода пресушат, овие резервоари ќе ја спасат земјата од суша, велат истражителите.

Сепак извлекувањето на нафта од морското дно може засекогаш да ги загади овие извори – ако се загадат тие не можат да се наполнат се’ додека нивото на морската вода драстично не падне, што нема да се случи уште долго време“ велат истражувачите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1