Станови и деловни објекти во странство, тенки банкарски книшки, многу земјиште. Од „скромни“ до „поимотни“ се анкетните листови на директорите и пратениците од албанскиот политички кампус – објави Порталб во втората анализа на оваа тема.
„Скржави се податоците околку состојбата на девизните сметки. Некои од нив, судејќи според она што го содржи анкетниот лист и воопшто не раполагаат со банкарски сметки. Дел од невижниот имот на некои од функционерите, се води на име на родители или роднини по кревно средство. Некои имаат и богати деца“ – се вели во анализата.
Според Порталб, пратеничката од ДУИ, Ермира Мехмети, има сопствено возило, две платежни кратички и кредит на свое име.
„Според расположливите податоци од Анкетниот лист, оваа пратеничка од редовита на владеачката ДУИ, го пријавила станот на брачниот другар, со површина од 70 квардартни метри со вредност од 58 400 евра. Мехемти има автомобил марка Тојота Аурис а раполага со две платежни картички на кои и лежат 1 000 американски долари и месечната плата. Пратеничката треба да врати кредит од 15 190 евра во рок од седум години“ – наведува Порталб.
Порталот објавува дека пратеникот од ДУИ Хајрула Мисини има куќа со двор во Куманово, со пријавена вредност од 37.500 евра.
Пратеникот прикажал две возила, едното марка Ровер а другото марка Голф 5 , за кое не посочил во чија сопственост е. Родителите на Мисини имаат куќа од 190 квадратни метри во Куманово и поседуваат шума од 1 хектар на Косово.
Мисини лани во банките се задолжил со два кредити во вкупна вредност од 35.000 евра. Во исто време, од 2008 година отплаќа лизинг за личен имот во вредност од околу 21.000 евра.Како што анализира Порталб, пратеникот од ДУИ Бехиџудин Шехаби, нема ниту движен ниту подвижен имот. Пријавил само две работи, куќата на своите родители во Тетово во вредност од околу 200 илјади евра и како сопствен личен имот – денарска штедна киншка со 25 илјади денари.
Директорот на „Македонски пошти“, Рафис Алити, има скромен личен имот, тврди Порталб.
„Богати деца и брат, скромен личен имот. Директорот на Македонски пошти Алити, според податоците од Анкетниот лист на свое лично име пријавил куќа во село Радуша од 210 квадратни метри во вредност од 110 илјади евра. Во истото село на име “заеднички имот “ пријавил земјиште со вердност од 55.000 евра. Братот на Алити раполага со куќа вредна 80.000 евра и деловен простор во Германија со исто така проценета вредност од 80.000 евра. Како имот на децата, директрот од редовите на ДУИ пријавил две парцели земјиште вредни 30.000 евра и два објекти во вкупна вредност од 22.000 евра, лоцирани во село Радуша“ – објавува Порталб.
Заменик директорот на Царинска Управа на Македонија Илир Мемети, според анализата на порталот пријавил станови во Косово, куќа и земјиште во Тетово – но целиот имот на име на родителите.
Овој владин функционер на свое име, според податоците од Анкетниот лист има автомобил марка “Пежо 307“ во вредност од 10.000 евра. Останатиот имот е на родителите, кои поседуваат деловен простор, куќа и земјиште во Тетово во вкупна вредност од 950.000 евра, два стана во Косово во вкупна вредност од 95.000 евра и деловен простор од 200.000 евра, или според расположливите податоци, родителите на мемети располагаат со имот од 1,2 милиони евра.
Џељаљ Бајрами, заменик министер за транспорт и врски располага само со штедна книшка на која лежат 5.000 евра. Се останато што пријавил во анкетниот лист е на име на родителите, братот и брачниот другар. Така, неговите родители поседуваат куќа, земја и деловен простор во Кумановско.„Дел од актуелните функционери и пратеници, според податоците од Анкетниот лист, не раполагаат со банакрски сметки, сопствена куќа, стан. Имаат само автомобили. Личниот имот им е “скормен“ но имаат богати родители, деца, бараќа“ – пишува Порталб.
„Пратеникот од ДПА Орхан Ибраими на свое лично име пријавил само куќа во Куманово во вредност од 32.500 евра. Според податоците од Анкетниот лист, овој опозициски пратеник пријавил пет парцели на земјиште како “заеднички имот“. Ибраими пријавил автомобил марка Мерцедес во вредност од близу 5.000 евра. Пратеникот, според анкетниот лист, не располага со банакрски сметки“-наведува пороталот.
Назиф Буши, директор на АД за заеродромски услуги “Аеродроми на Македонија“ пријавил куќа на име на неговите родители од 800 квадратни метри во Скопје, без да се наведе цената. Во анкетниот лист на Буши има само уште еден податок – земен кредит во 2004 та година, во вредност од 15.000 евра со рок на отплата од 10 години.
Според расположливите податоци, нема пријавено ниту автмобили ниту банкарски сметки.Џемаили Елмази, директор на Биро за регионален развој пријавил куќа во Тетово во вредност од 75.000 евра, трактор од 2.000 евра и моторно возило марка Опел Астра во вредност од 8.000 евра. Нема податок во чија сопственост е овој имот.
Музбајдин Ќамили, директор на НУ Албански театар според податоците од анкетниот лист, нема ниту банкарски сметки ниту сопствен стан, куќа. Ќамили пријавил возила во вредност од 12.000 евра и кредит од 5.000 евра.
Брахим Ајваз, градоначалник на Арачиново според Порталб има куќа од 100.000 евра и возило марка Ауди од 6.000 евра.
Ова стои во имотниот лист на градоначалникот на Арачиново. Не е прецизирано на чие име се води оввој пријавен имот. Куќата од 400 квардтани метри е во Арачиново и била изградена во 1976 година. Во Анкетниот лист нема податоци за друг имот или банакрски сметки.