Српската полицијата во Нови Пазар поднела кривична пријава против македонскиот државјанин Н.Б.(27) поради сомневање за „насилничко однесување“ кон неговото петмесечно бебе.
Пријавениот се сомничи дека во понеделникот вечер околу 19.30 часот на своето петмесечно бебе му нанел повреди по главата и по вратот.
Полицијата утврдила и дека по Н.Б. Интерпол имал распишано потерница, по што му е определен екстрадициски притвор.