Компанијата за мебел „ИКЕА“ повлекува милиони детски лампи по трагичната смрт на дете, кое се задушило со кабел на лампата, а друго во друг инцидент е повредено.
Серијата ѕидни детски лампи „Смила“ се продаваат во „ИКЕА“ од 1999 до 2013 година, а нивната цена е меѓу десет и 13 долари.
Во трагичниот инцидент 16-месечното дете почина, откако се замота со кабелот на лампата. Друго 15-месечно дете речиси се задавило при сличен инцидент.
„ИКЕА“ ги советува клиентите да го запрат користењето на лампата и да се поврзат со компанијата, за да добијат бесплатно приспособување за зацврстување на кабелот кон ѕидот.