Трагедија во Прилеп: Маж се задушил со плин – жената се бори за живот, синот, снаата и внукот хоспитализирани


Трагедија во прилепското семејство Чапоски. Од плин во семејната куќа во населбата Старо Корзо вечерва се задушил 54 – годишниот Драган Чапоски, болничар во општата болница во Прилеп.

brza-pomos-sk-300Лекарите се борат за животот на неговата сопруга, додека синот, снаата и внучето по укажаната помош се во добра здравствена состојба. Благодарение на брзата интервенција на професионалната противпожарна единица и итната медицинска помош останатите членови од семејството биле спасени.

Како точно се случила несреќата допрва ќе се утврдува. Според првичните информации, починатиот Чапоски најверојатно поради нарушени сејмени односи живеел на вториот кат од куќата. Дали тој намерно ја предизвикал несреќата или плинската боца почнала да истекува од невнимание треба да покаже истрагата.

Миризбата од плинот почнала да се шири по целиот објект. Во обид да го спасат Драган, почнале да се задушуваат и останатите членови на семејството Чапоски. Тие се хоспитализирани во прилепската општа болница.

Како точно се случила несреќата допрва ќе се утврдува. Според првичните информации, починатиот Чапоски најверојатно поради нарушени сејмени односи живеел на вториот кат од куќата. Дали тој намерно ја предизвикал несреќата или плинската боца почнала да истекува од невнимание треба да покаже истрагата.

Канал 5

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1