Уругвај си ја легализираше марихуаната – Обединетите нации ја прогласија за нелегална одлука


Обединетите нации ја прогласија за нелегална одлуката на Уругвај да ги легализира одгледувањето, продажбата и консумирањето на марихуаната.

marihuana_list_625_21072010Според директорот на Меѓународното биро за контрола на наркотиците (ИНЦБ), Рејмонд Јенс, ова решение на владата во Монтевидео значи повреда на меѓународното право, но тоа исто така предизвикува и голема штета. Јенс смета дека законот ќе ги “изложи на опасност младите луѓе, кои сега порано ќе станат зависници од оваа дрога”.

Со новиот уругвајски закон секој Уругваец постар од 18 години може слободно, во специјално определените аптеки, да купи до 40 грама марихуана месечно.

Уругвајската влада верува дека со законот што завчера беше усвоен ќе им застане на патот на моќните наркокартели во земјата.
Меѓународното биро за контрола на наркотиците во посебно соопштение вели дека е изненадено од потегот на владата во Монтевидео, затоа што овој закон значи директно прекршување на универзалната согласност за оваа дрога, како и непочитување на веќе прифатените и потпишани спогодби. Контроверзниот закон за легализација на марихуаната, стана правосилен откако со тесно мнозинство од само три гласа, го усвои и Сенатот на Уругвај.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1