Со бугарски пасоши уживаат: Eкс функционери – криминалци кои ги бара Македонија за во затвор


Драган Даравелски, Владо Димов, Владислав Тамбурковски, Шкодран Идризи, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се само дел од имињата што Македонија ги бара по различни основи, но никако не може да ги донесе во земјава.

pasos bugarijaПоранешниот министер за здравство Владо Димов доби кривична пријава бидејќи, според истражните органи, незаконски вработил седумнаесет луѓе, членови или симпатизери на тогаш владејачката партија СДСМ во струмичката болница. Последните информации за Димов се дека живее и работи во Бугарија како хирург. Токму бугарското државјанство го спаси Димов од екстрадиција, кога беше уапсен на аеродромот во Варшава, Полска.

Со бугарски пасош во рацете, барем засега, мирно спие и поранешниот стечаен управник Владислав Тамбурковски, осуден на десет и пол години казна затвор за економски криминал. Иако Тамбурковски беше обвинет за неколку кривични дела, сепак ниедно од нив не беше заведено како организиран криминал.

Благодарение на српскиот пасош, поранешниот прв човек на македонската царина Драган Даравелски е заштитен во Србија, во која, патем, се смета за успешен бизнисмен. Во Македонија, пак, Даравелски е осуден на седум години затвор, бидејќи, според пресудата, ја злоупотребил службената положба затоа што од буџетот на Македонија им давал пари на невладини организации, спортски клубови и други локални кумановски фирми. Агенцијата за управување со конфискуван имот на Даравелски му конфискува и три куќи во Куманово и еден плац во Скопје.

Македонија во 2013 година бара 82 лица да бидат екстрадирани во Македонија, други 47 веќе ни се испорачани, а ние сме екстрадирале кон трети земји петмина барани со потерница. Најактуелно име што чека во екстрадициски притвор во Белград е новинарот Зоран Божиновски, а брачната двојка Атанасоски, осудени за манипулација со станови, веќе со години чека да биде испорачана во земјава.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1