(FILES) This undated file picture releasФактот што Ри Сол Ју ја нема на јавните настани и на фотографиите на Ким Јонг Ун се слика без неа, води кон сомнеж дека паднала во немилост на сопругот кој без двоумење го казнува секој акт на нелојалност кон него – пишува Дејли меил.

Само неколку дена откако нареди екзекуција на својот тетин кој беше прогласен за предавник, Ким Јонг Ун тргна на турнеја низ земјата за да ја „демонстрира својата цврста волја“, но на ова патување не ја поведе сопругата.

Ри Сол Ју, заедно со Ким Куонг Хуи, вдовицата на егзекутираниот тетин, се сметаа за двете најсилни жени во Северна Кореја на кои Ким им се обраќа понекогаш за совет.

Пред неколку дена се објави вест дека тетката на Ким Куонг ја задржала довербата и останала член на одборот за погреби на партијата на власт, но денеска на одбележувањето на втората годишнина од смртта на Ким Јонг Ил  таа не се појави. Нејзиниот сопруг плати со живот за изневерената доверба на лидерот.

Како што пишува Парисиен, два дена откако се објави веста за казната на Џанг Сонг Тек кој беше погубен под обвинение за обид за уривање на власта, и на внукот на Ким Јонг Ун, Ким Хан Со, кој студирал во Франција, му се губи трагата. Тој во интервју во 2012 својот вујко го нарекол диктатор.

Kanal5