Турскиот актер Халит Ергенч ќе задоцни на премиерата на серијата „Сулејман Величенствениот“ на српската „ТВ Нова“ поради дефект на авионот со кој требало да полета.
Голема среќа во несреќата е што авионот со кој требало да полета познатиот турски актер, не тргнал за Белград, бидејќи во спротивно можела да се случи голема трагедија на аеродромот „Никола Тесла“. Халит слетал во Белград на крајот на премиерата, со друг авион.