Денес Камила Алвес, сите ја препознаваме по нејзиниот сопруг Метју Мак-Конахи. Но нејзиниот животен пат бил навистина тежок.
Кога Камила Алвес пристигнала во Америка, имала само 19 години, не знаела англиски и работела како чистачка.
– Доаѓам од едноставно семејство и не можев да му кажам на татко ми да ми ги плаќа сметките. Морав да работам сама. Татко ми секогаш ми велеше дека пред да станам кралица, треба да научам да управувам со својата империја. Па така работев како чистачка, а потоа најдов работа во ресторан, изјавила Камила во американското ток-шоу The Wiev.
Таа денес е сопруга на актерот Метју Mак-Конахи, со кого има три деца, 4-годишниот Лејви, 3-годишната Вида и најмладиот член Ливингстон.
Во 2007година со Метју се запознале во холивудскиот клуб Хајд.
„Разговаравме на шанк и јас тогаш не знаев кој е тој. Имаше голема брада и голема шапка на главата “, открива таа.
Нивната романса брзо пламнала, но дури минатата година ја крунисаа љубовта. Камила во моментов работи како модел и е еден од најпознатите ликови во Холивуд.