Наместо 33 метри, колку што беше планирано, крстот во Аеродром ќе биде висок дури 56 метри, информират од светскиот македоски конгрес кој ги собира донациите за неговата изградба.
Тоа значи дека крстот кој и ќе биде во близина на висококатниците во Аеродром, кога ќе се постави, практично ќе го надмине 20тиот кат. Во споредба со оној на Водно, крстот во Аеродром ќе биде за само 10 метри понизок.
Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес вели дека на ваков чекор се решиле бидејќи собрале повеќе пари од предвидените за крст од 33 метри, па затоа, овој одлучиле да го направат поголем.
Press24